ПРЕДИЗВИК 1: Кучињата скитници

Предизвик

Кучињата скитници-ризикот за луѓето во јавната сфера и злоупотребата на кучињата

Краток опис

Кучињата скитници стануваат главна причина за загриженост низ целата земја, при што во голем број случаи луѓето се каснати и заплашувани од кучињата, како и широко распространето труење на овие скитници, кое е нехумано и опасно за здравјето и на луѓето. Од друга страна, кучињата често се злоставуваат од граѓаните и властите, со сегашни лоши решенија на проблемот.

Голема и растечка популација на кучиња скитници се појави во многу градови поради долги години небрежност и несоодветни мерки за контрола на овие животни. Кучињата скитници се резултат на неодговорнара сопственост и не се третираат соодветно од институциите и заедницата според законот за благосостојбана животните.Како резултат на тоа, присуството на кучињата скитници можат да имаат негативно влијание врз здравјето на луѓето и урбаната средина, ги плашат и напаѓаат луѓето, предизвикувајќи сообраќајни несреќи и загадување со бучава, и со правење и проблеми за општинските претпријатија  за собирање комунален отпад. 

Што можеме да сториме за да помогнеме да се подобри оваа ситуација? Можеме ли да помогнеме да се сменат перцепциите за кучињата скитници и да ги направиме попривлечни за усвојување? 

Како технологијата може да помогне во решавањето на проблемот со кучињата скитници?

Тековна состојба

Нема точни официјални статистички податоци за пресметување на вкупниот број на кучиња скитници во земјата, иако Здружението за заштита на животни Анима Мунди проценува дека има околу 20.000 кучиња скитници севкупно 

Се проценува дека во Струмица, Велес и Гостивар има околу 300 кучиња скитници. Некои од нив се медицински третирани и потоа пуштени. 

Еве што прават овие општини за да помогнат во решавањето на проблемот со кучињата скитници:

  1. Велес усвои план за периодот 2018-2020 г. за контрола на бројот на кучињата скитници. Планот ќе се фокусира на фаќање, транспорт, идентификација, снимање и лекување.
  2. Во Струмица, во Југоисточниот плански регион, се градат две прифатилишта. Исто така,  набавени се две возила за пренос на кучиња од местото каде што биле фатени до прифатилиштето.
  3. УНДП набави и донираше возило за кучиња на Општина  Гостивар преку проектот IMG.

Вклучени засегнати страни

Општина, болници, училишта, Агенција за храна и ветеринарство, Центар за развој на Југоисточниот плански регион, Биро за регионален развој, локални жители

Граѓанските организации, движењата за правата на животните

Посакуван резултат

Да се намали бројот на кучињата скитници во градските центри, парковите, училиштата.

Хуман третман од грашаните и властите кон кучињата скитници во согласност со законот за благосостојба на животните.

Да се намалат нападите од кучињата скитници.

Да се зголеми чувството за безбедност на жителите во градот.

Работи за размислување

  • Решенијата не мора да се фокусираат на процесот на фаќање и третман. 
  • Решенијата може да се фокусираат во промоција на одговорна сопственост и посвојувањет оза превенција на зголемувањето на бројот на нови кучиња скитници.
  • Тие исто така можат да се фокусираат на спречување на кучиња да доаѓаат на одредени места (на пример, училиштата).
  • Може да има различни начини за справување со обележани и необележани кучиња.
  • Користењето на хардвер/сензори може да биде корисно во решавањето на предизвикот.
  • Бидејќи се работи за живи животни, многу локални жители се плашат дека потенцијалното решение може да биде нехумано и да им наштети на нивната благосостојба.

Што се случува во светот?

Има многу малку технолошки решенија кои се на располагање за да се справиме со проблемот со кучињата скитници. Често технолошко решение е да се стават чипови на кучињата скитници. Ова им помага на општините да ги идентификуваат, да ги разберат нивните шеми на однесување и да се справат подобро со нив. 

Кога станува збор за нетолку технолошки пристапи, едно решение кое се покажало ефикасно е воспоставување на програми кои промовираат култура на усвојување на кучињата. За да се предводи таква промена, овој процес обично ги вклучува следните чекори:

  1. Обезбедување на услуги – имунитет, медицинска и спасувачка служба за кучиња;
  2. Превенција на болести – подобрување на услугите за превенција и третман на болести кај животните;
  3. Прифатилишта за кучиња – обезбедување на прифатилишта за кучиња за скитници и на волонтерски програми за учениците;
  4. Образование:

а. Имплементирање на едукативни програми за сопственици на миленичиња и отворање на апликација за поддршка на сопствениците на миленичињата, вклучувајќи ги и ветеринарните услуги, нарачување храна за кучиња, видео сесии со тренер за кучиња, сесија на прашања и одговори, форум, настани во заедницата и многу повеќе;

б. Рекламни кампањи за семејства кои ги нагласуваат придобивките за децата да растат со куче;   

в. Одржување на настани за посвојување во популарните делови на градот кои добиваат голема изложеност;

г.  “Згрижувачко семејство” за кучиња – со кое му се овозможува на поединецот да прифати куче за краток период и да го врати назад во прифатилиштето на крајот од периодот.

ПРЕДИЗВИК 2: Развивање на локален туризам

Предизвик

Недоволно развиена туристичка индустрија и недостатокот на нејзина промоција на лесни и нескапи начини

Краток опис

Преполна со култура на стариот свет, рустикална гурманска кујна, планински синџири, зафрлени села и со некои од најстарите и најдлабоките езера во Европа, Северна Македонија има огромен туристички потенцијал. Сепак, овој туристички потенцијал останува неискористен и бара поголема промоција. 

Можете ли да размислите за начините за поддршка на локалните општини Велес, Струмица и Гостивар во промовирањето на туризмот во нивните области со користење на технологија? Што би можеле овие општини да направат за привлекување и ангажирање на повеќе домашни и странски туристи?

Тековна состојба

Општините Велес, Струмица и Гостивар немаат развиена стратегија за развој на локалниот туризам. Тие се во процес на подготовка на стратешки планови. Иако општините имаат многу да понудат на туристите, се чини дека не постои начин за лесен пристап до оваа информација. 

Во ниедна од општините моментално не постои едиствено место за информативен контакт за туристички услуги, како што се понуди, авантури и производи (на пр. органски и природни локални производи). 

Општините размислуваат да отворат туристички информативни центри, меѓутоа, таквите проекти се обично скапи и само делумно го решаваат предизвикот на ширење на вистинските информации за туристичките услуги, бидејќи повеќето туристи ги планираат нивните маршрути на одмор однапред и преку интернет. 

Специфични информации за општините:

Струмица:

Општината ги има сите видови туризам: планинарење, вклучено во традиционалните маршеви организирани од планинарските асоцијации, културен туризам, вклучувајќи ги и настаните како Струмичкиот карневал, Струмичкиот опен, манастирскиот туризмот, цркви, водопади и многу повеќе. 

Струмица има прилично активна заедница на органски производители и може да стане дел од понудата на градот за привлекување на туристи заинтересирани за здрава храна и живот. 

Велес:

Општината во моментов инвестира средства во урбанизација и развој на просторот наоколу езерото Младост, кое има најголем потенцијал за развој на туризмот во градот, а се планираат активности за идно обезбедување пристап до локацијата “Пешта”, која се наоѓа на реката Бабуна во Велес. Општината Велес планира да подготви стратегија за развој на туризмот во општината, со посебен акцент на Велес, езерото “Младост” и културните специфичности на градот. 

Туристичкиот сектор во Велес особено се карактеризира со староградска култура што доаѓа од архитектурно значајните стари куќи.

Во однос на приватниот сектор, веќе има неколку хотели сместени на бреговите на езерото Младост, а во моментов се гради уште еден. Дополнително, јавниот сектор, посебно  Општината Велес, презеде активности за развој на просторот околу самото езеро. Стаза за трчање е изградена кружно околу езерото, а многу видиковци стануваат места на често посетување околу езерото. Општината Велес започна со реализација на проектот “Паметно езеро Младост – Прва иновативна туристичка дестинација”. Овој проект предвидува инсталирање на осветлување околу езерото, изградба на пешачка патека по должината на патот, изградба на игралиште за деца со соодветна опрема, подобрување на пристапот до постоечки објекти, поставување информативни табли, канти за отпадоци итн.

Според податоците на Државниот завод за статистика, секоја година има околу 10.000-11.000 туристи кои ја посетуваат Општината  Велес, од кои 7.000-7.500 се меѓународни туристи и 3.000-3.500 се домашни туристи. Локацијата на езеро Младост по автопатот Е-75 им овозможува на многу туристи да го посетат езерото за време на транзитот. Во моментов околу 100 граѓани се вклучени во туристичката сектор или 0,10 проценти од населението.

Вклучени засегнати страни

Општина – Одделение за економски развој и Одделение за стратешко планирање, Одделение за урбанистичко планирање.

Приватни инвеститори и граѓани заинтересирани за развој на туристичката база (на пр. хотелиери, приватни пансиони, домаќини кои нудат сметување на платформата Air Beds & Breakfast, сопственици на локални ресторани итн.)

Локални производители на специјалитети на храна (производители на вино, производители на сирење, органски фарми, локални специјализирани продавници итн).

Културни центри и управување со историски центри.

Организации за локален економски развој, здруженија на туристички водичи итн.

Во одредени случаи-Агенцијата за промоција на туризмот во Македонија

Посакуван резултат

Лесно достапни, атрактивни информации за туристичките можности во Северна Македонија – конкретно Велес, Струмица и Гостивар.

Работи за размислување

  • Ако размислувате за мобилна апликација: создавање општа апликација за туризам не е најдобрата идеја – има премногу решенија на пазарот кои се обидуваат да ги поддржат туристите. Наместо тоа, обидете се да размислите за апликација за туризам поврзан со локални специјалитети или регионална апликација која ќе понуди нешто ново на овој пазар. 
  • Размислете за начините на кои Македонија може да се истакне во регионот полн со туристи и да се фокусира на оваа уникатна вредност. 
  •  Можеби ќе сакате да размислите за поддршка на локални или меѓународни туристи – не и на двете групи во истото време, бидејќи нивните потреби може да бидат многу различни.
  • Размислете за начините каде општинските службеници не би требало да инвестираат големи суми пари за да добијат успешен проект. Некои идеи може да вклучуваат користење на информации добиени од самите граѓани, мапирање туристички атракции од самите туристи, создавање поттик за луѓето да станат дел од креирањето на туристички информации или решенија. Ако развиете нешто што треба постојано да го одржува општината, ова можеби нема да функционира. 
  • Во вашето решение, можеби ќе сакате да се фокусирате на еден аспект од овој предизвик (на пример, да ги прикажувате локалните производи на туристите ИЛИ да креирате мапа на локалните атракции користејќи краудсорсинг информации…), а не сите во исто време, што е многу тешко. 
  • Вреди да се испита дали постои меѓународна апликација за балканскиот регион – ако не, токму тука може да има одлична можност. Ако одговорот е да, можеби постои можност да се создаде нешто поспецијализирано (на пример, агротуризмот?) за регионот.

Што се случува во светот?

Акра – една од општините во Израел, контактираше преку меѓународна апликација со милиони корисници и тие заеднички организираа кампања за промовирање на маршрути и туристички атракции во градот, без всушност да развиваат нешто ново на своја рака. Апликацијата наречена Wishtrip резултираше со успешна кампања за промоција која го зголеми бројот на туристи кои ја посетуваат оваа област.

За локалните туристи кои сакаат да се занимаваат со трекинг и да пешачат, израелската апликација Tiuli  нуди мапа со илјадници пешачки патеки со различни параметри за личен избор (должината на патеката, нејзината тежина, атрактивност, време на годината најпогодно за да стигне таму итн.). – самите стази и нивната содржина беа поднесени од корисниците на апликацијата, кои беа и ко-креатори на содржината.

ПРЕДИЗВИК 3: Услугите што ги нудат општините не се достапни

Предизвик

Општинските услуги се достапни само во просториите на општинската зграда

Краток опис

Локалните власти ширум светот сè повеќе ја користат технологијата за да ги направат услугите достапни за граѓаните и преку интернет. Сепак, најголем дел од услугите што ги обезбедуваат општините во земјата се достапни само во просториите на самата општина. Ова значи дека граѓаните физички треба да стигнат до општината и да чекаат во ред, често со часови, со цел да добијат пристап до услугата што им е потребна. Ова не е ефикасно, истово генерира многу хартиени документи и целиот процес не е секогаш транспарентен. Исто така, многу често, граѓаните не се свесни за сите видови на услуги што ги нуди општината.

Како дел од овој предизвик, обидете се да размислите за тоа како преку технолошките начини да се помогне да се направат општинските услуги да бидат достапни на интернет или автоматизирани (целосно или делумно) и/или да им даде на граѓаните транспарентен начин да разберат кои услуги се нудат и како тие можат да ги добијат .

Тековна состојба

Во моментов, општинските услуги се нудат во зградата на општината и морате да дојдете во зградата на општината за да ги добиете (вклучувајќи ги и плаќањата за општински услуги кои не се нудат на интернет или услугите што се нудат на бизнисите). 

Дополнително, информациите за услугите најчесто се дистрибуираат во самата општина или на веб-страницата, што, пак, ретко ги прави услугите транспарентни и достапни. Многу граѓани велат дека знаат дека некои од информациите може да се пристапат преку веб-страниците, но тие тврдат дека овие веб-страници не се лесни за користење и не даваат јасни информации за услугите и мапирањето на производите. 

Две главни прашања:

  • Недостаток на информации поврзани со услуги и производи во општината/регионот. 
  • Недостаток на автоматизирани сервиси (или барем на една приоритетна услуга за бизнис заедницата или за граѓаните). 

Во Општина Велес, која има најнапреден систем за е-услуги кај македонските општини, воведен е систем за е-услуги каде што сите услуги се стандардизирани на една локација. Секоја услуга е поврзана со услужна картичка која граѓаните можат да ја користат за да добијат кратки и јасни информации за тоа како можат да ги добијат услугите, кого треба да го контактираат, висината на административната такса и кои документи треба да ги достават во прилог. Во исто време, граѓаните можат да ги преземат обрасците од системот, со што се заштедува време како такво. Покрај електронските услуги, сервисни картички се наоѓаат физички во сервисниот центар на граѓаните. 

И покрај тоа што веќе има големо подобрување, се уште се бара од граѓаните да дојдат со преземени и пополнети формулари до општината за да побараат конкретна услуга. Исто така, граѓаните сѐ уште често доаѓаат во зградата на општината пред да ги разгледаат веб-страниците за повеќе информации.

Вклучени засегнати страни

Вработените во општината (различни одделенија)

Граѓаните и локалните бизниси

Понекогаш други даватели на услуги во градот (на пример, општински и локални плаќања поврзани со вода, гас, собирање на отпад итн.)

Посакуван резултат

Иновативен и лесен начин за граѓаните да добијат информации за достапни општински услуги и како да ги добијат.

Иновативна и лесна за употреба “мапа” на општинските услуги, настани и можности. 

Лесен и ефтин (за општината) начин да се добие избрана општинска услуга (или услуги) која е многу барана и важна.

Работи за размислување

  • Вие не треба да ги решавате сите овие предизвици со едно решение – Изберете го оној што мислите дека би бил најкорисен за граѓаните. 
  • Има тука два конкретни предизвици што се поврзани: транспарентност и пристап до е-услуги. Не треба да ги решавате наеднаш. Исто така, во категоријата “е-услуги” постојат многу различни услуги (плаќања, добивање на дозволи и лиценци, добивање лични карти и пасоши…) кои се многу различни по природа. Фокусирајте се на еден вид предизвик, а не на сите во исто време. 
  • Размислете за оние прашања поврзани со услугите и нивната транспарентност и обидете се да ги потврдите со граѓаните што ги знаете за да го разберете тековниот процес и зошто тоа функционира лошо. Исто така, можеме да ве поврземе со вработените во општината кои можат да ви објаснат за тековните тешкотии. Прво бидете сигурни дека ги разбирате процесите, пред да почнете да размислувате за потенцијални решенија.

Што се случува во светот?

  • Некои општини ширум светот отвораат “дигитални киосци” кои нудат е-услуги на различни места во градот, на пр. во Приштина, Косово, локалната власт нуди некои услуги во е-киосите кои се сопственост на градот.
  • Денес, многу локални услуги може лесно да се трансформираат во дигитални активности, на пример, плаќањата во општините станануваат дигитализирани во многу земји низ целиот свет. 
  • Ако може да биде тешко да се понуди е-услуга како таква, започнете да ги мапирате услугите и прво да понудите транспарентност. Сепак, таквото мапирање треба да работи подобро отколку едноставно да се стават информациите на уште една веб-страница или мапа. Размислете за разни апликации од видот Chatbot и други начини за да го поттикнете споделувањето информации да се претвори во еден разговор како таков.
ПРЕДИЗВИК 4: Како можеме да создадеме ефикасен систем на услуга за споделување на просторот за граѓаните, невладините организации и бизнисите?

Предизвик

Просторот претставува важно средство кое може да создаде можности за граѓаните, невладините организации и бизнисите, со цел да понудат интересни активности и настани за локалното население. Како можеме да го искористиме просторот во сопственост на општината за такви активности на ефикасен, безбеден и лесен за употреба (и лесен за координиација!) начин?

Краток опис

Општините често имаат простор и простории кои главно се користат само во работното време. После тоа, овој простор е празен и може да се понуди за активности организирани од различни групи (ГО, бизниси, поединци итн.) а во корист на граѓаните. 

Но, ова не се случува сега, бидејќи претставниците на општината немаат време да управуваат со истото, локалните организации или поединци не се свесни за такви опции, а моментално не е достапно интернет резервирање на просторот.

Размислете за начините кои можат да им помогнат на општините да ги споделат своите ресурси – особено нивниот слободен простор – што ќе направи разлика во нивните заедници. Запомнете да ја користите технологијата на едноставен начин, што дури и луѓето, кои немаат техничко познавање, да може да уживаат во користењето на вашето решение.

Тековна состојба

Општините имаат неискористен простор што би сакале да го понудат на локалните бизниси, поединци, невладини организации. 

Многу организации имаат тешкотии да најдат место за своите предавања или да понудат воннаставни активности. 

И двете од овие групи можат да бидат поддржани со воведување ефикасен начин за користење на ресурсите.

Вклучени засегнати страни

Претставници на општината.

Невладини и граѓански организации, локални бизниси, поединци

Различни групи на население (ученици, постари граѓани, студенти, итн.)

Во некои случаи агенциите за недвижности можат да бидат релевантни.

Посакуван резултат

Лесен начин за споделување на општинските ресурси за јавно добро, економски развој и образование.

Работи за размислување

  • Запомнете дека многу луѓе, кои би сакале да ги користат ресурсите, немаат техничко познавање
  • Обезбедете решението да биде лесно на вработените во општината да управуваат со истото – инаку тие нема да го користат. 
  • Може да има потреба да се оценат корисниците врз основа на тоа како го користат (или злоупотребуваат) просторот и да се блокираат некои луѓе или бизниси од користење на просторот – размислете однапред за вистинските алатки за ова.
ПРЕДИЗВИК 5: Поддршка на постарите жители при услугите и секојдневните интеракции со другите

Предизвик

Постарите жители имаат тешкотии при пристап до социјални и медицински услуги и се осамени

Краток опис

На постарите жители им е потребна поддршка и помош во нивните секојдневни активности, бидејќи многу од нив живеат сами и како такви имаат потешкотии да излезат од своите домови. Локалните власти  немаат доволно човечки ресурси за да обезбедат социјални услуги за сегментот од населението кое останува дома и тешко е за општинарите да добиваат редовни информации за личните потреби на таквите жители и нивниот сегашниот статус. Згора на тоа, постарите граѓани често се чувствуваат осамени и немаат доволно интеракции со другите, особено ако живеат во зафрлени и одделни делови на градот.

Како можеме да ги поддржиме постарите граѓани или да управуваме со напорите на поединците и невладините организации кои им помагаат, а со цел да се обезбеди подобар пристап до потребните услуги?

Тековна состојба

На многу постари жители им е потребна поддршка и помош во нивните секојдневни активности. Истиве вклучуваат медицински и социјални услуги. Овој предизвик е уште позначаен кога станува збор за лица со посебни потреби, кои имаат потешкотии да излезат од своите домови.

Општините имаат потешкотии да обезбедат социјални услуги за постари жители од две главни причини:

  1. Недостаток на човечки ресурси кои ќе ги обезбедат услугите. Иако со реформите од Законот за социјална заштита се овозможува испорака на услуги од страна на овластени здруженија на граѓани, постојат тешкотии да се обезбедат услуги за еден широк сегмент од популација кој има тенденција да остане дома.
  2. Недостаток на информации во врска со личните потреби на жителите и нивниот моменталниот статус. Во моментов, општините ги добиваат информациите за потребите и проблемите на постарите граѓани преку акции од типот „Отворени денови“, преку барања на граѓаните, и невладините организации и преку соработка со институции кои работат со постари жители. Сепак, собраните информации не се секогаш ажурирани и прилагодени на специфичните потреби на секој жител како таков. Исто така, постои потешкотија да се остане ажуриран во однос на тоа кој постар жител бил посетен, кои услуги се обезбедени и кои се ажурираните потреби.

Постојат некои програми што се фокусираат на организирање на социјални активности. Невладините организации или општинските организации управуваат со овие програми. Во Струмица, волонтерите од Црвениот крст ги посетуваат постарите жители како дел од проектот “Домашна нега за стари лица”.

Во Велес, во таквите програми се вклучени организациите како што се Здружението на пензионери, Општинската организација на Црвен крст за Велес и Општинската организација на жени пензионери. На пример, во програмата за “Домашна нега за стари лица” во Велес, волонтерите посетиле 60 постари жители во нивните домови, на кои им помагаат при здравствените проблеми и секојдневните активности. Покрај тоа, општината подготви план за развивање на интерактивна мапа која ќе ги опфати сите осамени постари жители во градот, за да можат програми да се развиваат а со цел да им се помогне од волонтери, невладини организации итн.

Вклучени засегнати страни

Црвениот крст, волонтерите, постарите жители и нивните семејства, невладините организации и општинските организации (Здружението на пензионери, Општинската организација на Црвен крст за Велес, Општинската организација на жени пензионери), општината.

Посакуван резултат

Обезбедете, на ефикасен начин, иновативни услуги за постари жители кои остануваат дома.

Обезбедете релевантни услуги врз основа на личните потреби на постарите лица.

Рационализирајте ја испораката на услуги без зголемување на човечките ресурси, но и преку вклучување и услуги од волонтери.

Работи за размислување

  • Постарите жители се со тенденција да имаат ниски технолошки вештини. Можеби тие и да не бидат корисници на решението.
  • Постојат тековни програми кои можат да се искористат за решенијата.
  • Разбирањето како да се справиме со потребите на постарата популација може да биде клуч за ефикасна распределба на вклучените организации.
  • Решението може да опфати еден или неколку аспекти од предизвикот, на пр. создавањето подобар начин за дистрибуирање на волонтери и обезбедувањето постарата популација да добива редовни посети од нив, може да биде одличен почеток. Друг потенцијален правец може да биде создавање на технички алатки за да се охрабрат повеќе луѓе да волонтираат со постарите лица, на пример, покажувајќи им ја потребната поддршка во нивното соседство.

КАДЕ: City Hall Center, Скопје

КОГА: 11ТИ-12ТИ септември 2019

ПРИЈАВИ СЕ!